Потекнувам од Скопско Драчево. Во 2013 година поднесов и добив туристичка виза за Соединетите Американски Држави. И тоа не било каква виза, туку десет годишна. Отидов кај мои роднини во Њу Џерси, но не останав многу долго кај нив, само околу два месеци.
Се запознав со нашинци од Прилеп и Скопје, кои беа тука подолго и се согласија да ме примат во нивниот стан за да делиме трошоци.
Во Германија бев 2010 година, работев три месеци и при една прошетка низ Минхен со уште тројца пријатели, не стопираше полиција (веројатно дека бевме четворица во кола, Германците сами се возат) не легитимираа и нас двајца кои бевме без документи веднаш ни наложија да ја напуштиме државата. Така пропадна сè, и работа и живот таму.
Е сега овде, во Америка, за разлика од Германија е сосема поинаку. Овде никој не те чепка, доколку го шочитуваш редот и правилата. Дури и да те легитимира полицаец, не го интересира какви документи имаш. Дури и кола си купив и возам, без никаков проблем.
Работам две работи, преку ден работам во еден ресторан во кујна, а навечер работам како паркирач на коли. Тоа е е добар бизнис овде. Договорите со рестораните за паркинзите ги имаат наши луѓе и лесно е да се најде работа.
И на ветер и на дожд си надвор на паркинг, ама се исплати. Основна плата е 50$, а со бакшишот се стига до 100, петок, сабота и до 150$
Со двете работи што ги работам успевам да стигнам до кај 3-3500$. Имајте во предвид дека паркинг нема секој ден. Трошоците ми се околу 1500$, па така околу 1500 до 2000$ месечно тргам на страна.
Општо мислам дека Америка е многу подобра за живот, поевтино е, послободно. Единствено ми недостига фамилијата…
За Галама – Зоран Арсовски
Авторски текст, не смее да се превзема од други портали без одобрение на редакцијата на Галама.