Минатиот месец започна новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Се уште се емитува првиот круг, а во претходните емисии имавме прилика да видиме неколку македонски претставници кои одлично се претставија.
Во последната емисија која се одржа во сабота, настапуваше и Ангел Јовевски од Радовиш.
Тој ги отпеја песните „Моја драга“ од Здравко Чолиќ и „Танана“ од Жељко Јоксимовиќ.
На крајот доби два гласа од жирито, од Марија Шерифовиќ и Џорџе Давид. Тој за ментор ја одбра Марија.
Како Марија ќе го подготви Ангел за следниот круг, останува да видиме.
За потсетување, Огнен Здравкоски исто така ја одбра Шерифовиќ за свој ментор.
Извор: Вистина