Мислам дека другаркава моја многу се зезна, овде во Цирих си имаше свршеник а она ради мама и тато си отиде

0

Здраво Галама, се викам Весна и потекнувам од Валандово. Сакам да ви ја раскажам приказната на мојата другарка и цимерка Ивана од Пробиштип. Во Швајцарија отидов минатото лето. Конкурирав на еден оглас од агенција на интернет, кој нудеше работа за нега на немоќни лица. Огласот го прочитав на некој српски или хрватски сајт. Сега гледам дека и вие објавувате слични огласи. Ок.

Со оглед на тоа што имам завршено средно медицинско, ме вработија во старски дом. Да се разбереме, ова не значи дека нешто ми ја признале дипломата па сега ќе заработувам којзнае колку, не. Но дипломата ми помогна воопшто да ме земат во предвид. Секако, пријавена сум како хигиеничарка. Слично ко кај нас во приватните фирми.

Работата ми е ок и солидно заработувам. Сега да се вратам на другарка ми, бидејки мене освен работа – дома, ништо посебно не ми се случува. Ивана во Цирих дојде 1 месец после мене. Таа имаше објавено на фејсбук дека бара соба за престој во Цирих и мене некако тој статус ми се појави на мојот ѕид.

Веднаш и пуштив порака и исконтактиравме, бидејќи бев сама во гарсоњерата и одлично ми се виде да делиме трошоци. Иванна ми кажа дека чувала дете на периферијата од Цирих. Домаќините биле богати, имотот голем и луксузен. И најавиле дека ако се покаже како што треба, ќе и дадат соба да престојува кај нив.

Ивана заработуваше скоро дупло од мене. И не само тоа. На ивана и се случи случка и тоа не било каква. Во склопот на имотот, домаќините поседувале мала ергела со 3 расни коњи и соодветен терен за јавање. Додека таа го шетала детето низ дворот, еден ден, во посета на ергелата и со намера да јава, дошол нивен роднина, 28. годишен, млад и преубав доктор од Цирих.

Лоренцо тој ден воопшто не се качил на коњ. Тој бил обземен од убавината на Ивана, патем Ивана беше природно со светло костенлива коса, бел тен и прекрасни облини извајани на нејзиното витко тело. Лоренцо не губел време, туку веднаш ка поканил Ивана да излезат вечерта, на што оваа се согласила.

Попладнето Ивана возбудено ми го раскажа настанот. Вечерта излегоја, ја однел во некој отмен ресторан и потоа претпоставувате што се случило. Сè после тоа е класика. Лоренцо е лудо вљубен во Ивана, врската трае 3-4 месеци, тој ја опсипува со подароци и секој втор ден оди на имотот на своите роднини, демек да јава.

Ситуацијата за тоа кратко време, стигнува до момент кога тој и навестува и можен брак. Но, некаде пред нова година, Ивана падна емотивно, ја стигна носталгијата по “дома”. Еден ден се врати од работа плачејќи, ме исплаши, помислив којзнае што се случило, а таа само ми соопшти: “Веснич, САКАМ ДОМА! Ми фалат мама и тато”

Попусто се обидував да ја разубедам дека сè ќе си расипе. И реков, нема проблем, оди на неколку дена и врати се. Но Ивана рече дека сакала да си оди засекогаш. Неможев да ја сфатам, навистина.

Ја прашав, добро, па не ти се ли развија чувства кон Лоренцо. Неврзано одговори дека била малку вљубена, ама повтори дека и фалеле мама и тато! И си отиде Ивана. И не се врати повторно, еве поминаа веќе два месеци. Не ми се верува. Понекогаш пишува поздрав на месинџер и толку. Незнам дали контактира со Лоренцо, незнам ништо. Тоа е, ми изгледаше интересна приказната и сакав да ја споделам. Ма девојки, колку од вас би постапиле вака?

Одговорете и СПОДЕЛЕТЕ!

Обработи: Стефан П.

Извадок од збирката раскази “Приказни од дијаспората”. Овој текст несмее да се копира на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаФОТО Еве како изгледа Емина Јаховиќ по сообраќајната несреќа
Следна статијаБујар Османи: Изненаден сум што СЈО води истрага за мене