ФОТО Еве како изгледа Емина Јаховиќ по сообраќајната несреќа

0

Пејачката Емина Јаховиќ доживеала сообраќајна несреќа и по тој повод се огласи на социјалните мрежи.

Но за среќа повредите беа минорни, односно Емина заврши со неколку модринки и откако прими инфузијата замина од болницата.

„Џипот на Емина, кој го возеше нејзиниот шофер, се судри со автомобил на раскрсница, во Нов Белград. Таа беше во шок кога и се случи тоа“ – изјави за српските медиуми нејзиниот пријател и менаџер, Нинослав Продановиќ.

„Таа не сакаше веднаш да го вознемири семејството, па им јавила неколку часа по незгодата, а кога медиумите порнале да и се јавуваат одлучила да каже што и се случи и да ги поштеди од дополнителни нервози“, вели тој.

Драги пријатели, само да ве известам дека се чувствувам добро по судирот на автомобилот и дека животот не ми е во опасност како што пренесоа некои медиуми. На снимање сум во Белград, а бидејќи се уште сум во шок ќе продолжам со работата вечер. Ви благодарам за поддршката и ви испраќам многу љубов“, напиша Емина на социјалните мрежи по настанот

Таа во видео што го објави им се заблагодари на сите што се загрижени, и во исто време им покажа и како изгледа по сообраќајката.

Претходна статијаМајката на малата Софија: Боки тринаесет не е лажен хуманист (ВИДЕО)
Следна статијаМислам дека другаркава моја многу се зезна, овде во Цирих си имаше свршеник а она ради мама и тато си отиде