Македонката Елеонора Миљковиќ влезе во реалното шоу „Задруга 2“. Таа е единствениот претставник од Македонија во ова реално шоу. Во интервјуто пред да влезе во куќата таа рече дека влегува за да внесе позитивна енергија меѓу учесниците во реалното шоу.
При влегувањето во реалното шоу таа истакна дека нема да има момче во „Задруга 2“. Меѓутоа, пред неколку дена на прашањето на Луна со кое момче од „Задруга 2“ би била во врска, Елеонора одговори дека тоа е Алекса Савиќ.
“Го одбрав Савиќ бидејќи навистина е убав. Многу добро се однесува. Културен е, мирен и еден од најголемите предности е што е верен на својата девојка, дека ја сака и тоа е една од причините поради кои сакам да имам такво момче“, одговори Елеонора.
“Не се плашам од ништо. Единствено се плашам ако нема храна, кога сум гладна, тоа е страшно. Тогаш сум нервозна и сите ме нервираат“, рече таа пред да влезе во шоуто. Елеонора додаде и дека има неколку идеи за тоа што треба да прави во „Задруга“:
“Ќе се трудам да бидам фер и реална кон сите“, изјави скопјанката пред да влезе во куќата.
Елеонора е дипломиран правник, а работи и како фотомодел, снима спотови и реклами. Пред извесно време, на Алфа телевизија може да го следите реалното шоу „Задруга 2“. Дали Елеонора ќе најде момче или ќе има одредена авантура во шоуто или ништо од тоа, допрва ќе видиме.