Има ли Антониа Гиговска момче, фановите прашаа, таа им одговори (ФОТО)

0

Кога станува збор за музиката, Антониа Гиговска може да се пофали со многу успеси, почнувајќи од учеството на „Пинкови ѕвезди“, учеството во мјузикалот  „Тајно моја“ за Тоше Проески, го освои второто место на фестивал во Романија, а сега победи и на Макфест.

Кога станува збор за музика и за нејзините музички способности сите имаат пофални зборови за пејачката. Дури беше и придружен вокал на „Ај Кју“ на Евровивизија.

Кога станува збор пак за нејзиниот приватен живот, го крие од јавноста и не зборува многу за него. На социјалните мрежи често објавува фотографии од своите активности, а и одговара на прашања од нејзините фанови.

Деновиве фановите ја прашаа Гиговска на „Инстаграм стори“ дали има момче и зошто не одговара на вакви прашања, а одговорот беше краток и јасен:

„Приватност“, кратко одговори Антониа.

Дали Антониа е заљубена и има момче останува мистерија за јавноста, но сигурно е дека  нејзината кариера се движи по успешен пат.

Претходна статијаЗаборавете на пријатели за кинење казни, радарите се поврзани со камери
Следна статијаАндруш го фати носталгија по Југославија и се распеа од Америка (ВИДЕО)