Заборавете на пријатели за кинење казни, радарите се поврзани со камери

0

Кинење на казни нема повеќе нема. Радарите на МВР последните 8 месеци се поврзани со компјутерскиот систем во централата на сообраќајна полиција. Ова денес го изјави Дејан Трајковски Џонсон, началник на Единицата за безбедност во сообраќајот на град Скопје.

-Полицаецот добива шифра и почнува постапката – се мери брзината на движење, имаме видео како доказен материјал за судот, така што кинење на казни, не, вели Трајковски.

За сообраќајните камери поставени во Скопје вели дека работат, има посебен систем во МВР што го следи движењето и тие во последниот период се користат за потешки видови на сообраќајни прекршоци, како доказен материјал во судска постапка.

-Споредбено со лани, имаме намалување на сообраќајните незгоди на подрачјето на град Скопје, во просек има 10 до 13, за жал и несреќи со жртви, кој е сепак намален во споредба со лани за 4%, вели Трајковски и додава дека критиките на социјалните мрежи ја поттикнале сообраќајната полиција да преземе уште позасилени мерки против прекршителите на сообраќајните закони.

Извор: Скопјеинфо

Претходна статијаВо Македонија дојдов по жена ми и останав, прекрасни сте – Американецот Вали се фали
Следна статијаИма ли Антониа Гиговска момче, фановите прашаа, таа им одговори (ФОТО)