ФОТО: Тешка сообраќајка кај Радовиш – пожарникари ги вадеа повредените

0

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 14:10 часот на регионалниот пат Радовиш-Подареш во близина на с.Ораовица.

-Во несреќата учествуваат патничко моторно возило „Голф 3“ со радовишки регистерски таблици и патничко моторно возило „Митсибуши“ со бугарски национални ознаки – информираат од МВР.

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Радовиш и се работи на целосно расчистување на случајот.

Сообраќајот на патниот правец Р1310 Радовиш – село Ораовица беше во прекин поради сообраќајна несреќа.

Претходна статијаПо Заев и ДУИ им предложи амнестија на ВМРО-ДПМНЕ: Тие се прекрасни луѓe
Следна статијаМицкоски со жесток одговор до Мичел: Овој Договор е штетен за мојата нација и татковина и е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ