Да, вистина е, го разбудивме и пресреќни сме – пријател на Дарко Лазиќ ги потврди позитивните вести

0

Дарко Лазиќ е разбуден од вештачката кома во која го држеа лекарите од 23 октомври, кога доживеа сообраќјана несреќа.

Пријателот на пејачот, Миљан Врачевиќ ги потврди добрите вести.

-Да вистина е дека го разбудија од кома. Родителите го видоа, велат дека е добро- открил Миљан и додал: Тоа е чекор напред, не е нешто вау, но за неговата состојба тоа е голема работа!

Тој не го крие задоволството поради тоа што шансите за оздравување на неговиот пријател се зголемени.

-Сите се среќни. Одиме понатаму, веруваме во лекарите, сите се трудат. Тој е млад па се надеваме на најдобро-заклучил Миљан.

Претходна статијаСоветниците од СДСМ го одбија предлогот на ВМРО за мораториум за градење кај Мајчин Дом
Следна статијаБујар Османи: Директните учесници и нарачателите не смеат да бидат помилувани