Бујар Османи: Директните учесници и нарачателите не смеат да бидат помилувани

0

Вицепремиерот Бујар Османи во вечерашното гостување на Канал 5 зборувајќи за тоа што значи таканареченото помирување, рече дека доколку некој бил колатерална штета во настаните за 27 април, тогаш може да се разговара за негова амнестија.

-Директните насилници не смеат да бидат предмет на помилување, како и нарачателите доколку може да се дефинираат, бидејќи тоа е многу комплицирано.

Но, доколку некој е колателарна штета, тогаш тие треба да бидат предмет на дискусија на собраниското тело за помирување. Идејата за помирување е благородна, но никако не планираме да промовираме неказнивост, рече Османи.

Претходно вчера, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го достави до Собранието предлог-законот за амнестија на сите инволвирани во случувањата во македонскиот законодавен дом од 27 април минатата година.

Претходна статијаДа, вистина е, го разбудивме и пресреќни сме – пријател на Дарко Лазиќ ги потврди позитивните вести
Следна статијаНајверојатно во 2019: Сите возила во Македонија ќе добиваат зелен картон при регистрација