Беа најголеми ривали во ВМРО-ДПМНЕ, но сега се на иста страна – Милошоски се одлучи да попушти

0

Пратеникот Антонио Милошоски деновиве ги надминал сите предходни недоразбирања со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и му дал апсолутна поддршка за водење на партијата во критичните моменти за Македонија во пресрет на промената на уставот, претседателските избори и еветуалните предвремени избори, објави Експрес.

Милошоски неофицијално е еден од незадоволните потенцијални кандидати за лидер на ВМРО – ДПМНЕ кој лани во декември не беше задоволен од начинот на кој што беше организиран конгресот на ВМРО – ДПМНЕ. Според информациите на Експрес, Милошоски е задоволен од начинот на кој што Мицкоски ја води партијата „во тешките моменти за Македонија и ги понудил сите свои капацитети за идната битка на опозицијата против владеачката коалиција“.

Токму поранешниот министер за надворешни работи ја водеше прес конференцијата во петокот на која беше побарано СДСМ и ДУИ да закажат гласање за уставните измени.

Милошоски е еден од највлијателните пратеници во партијата и единстѕвениот кој се декларираше како член на движењето „Бојкотирам“.

Претходна статија(ФОТО) Катарина Ивановска се пофали со новата куќа на Маврово – изгледа како америчките хациенди
Следна статија(ВИДЕО) Васко Ефтов се врати со емисиите, првo па машко: Со уценети пратеници не се менува име