Ана Бекута доживеала ситуација која не и се допадна, кога една обожавателка сакаше да и пријде и да ја гушне. Жената се претставила дека е нејзина обожавателка и само сакала да ја гушне и бакне пејачката, но Бекута тоа не и го дозволила. Ана Бекута откако и рекла што ти е жено, изјавила дека се плаши од вируси.
Родена е како Нада Полиќ во Прибој каде што го завршила и гимназиското образование. Како девојче пеела во училишниот хор и во културно-уметничко друштво. Во 1974 година на музичкиот натпревар за „Прв глас на Прибој“ го освоила второто место. Првите музички ангажмани ги добива во 1980 година, почнувајќи да настапува по ресторани и хотели ширум тогашната Југославија.
Уметничкото име Ана Бекута го зела во 1985 година по предлог на Предраг Вуковиќ Вукас, бидејќи тогаш имало повеќе пејачки кои пееле народна ммузика со име Нада, како (Нада Топчагиќ, Нада Мамула, Нада Кнежевиќ, Нада Обриќ). Во 1985 година го снима својот дебитански албум за ПГП-РТБ со име „Ти си мене варао“, во кој албум се наоѓа еден од нејзините најголеми хитови, “Не сум родена да живеам сама”. До сега снимила 18 албуми.
Најголемите хитови во нејзината кариера се песните: Крал на полноќта, Златиборски зори, Не сум родена да живеам сама, Црвен конец, Бекрија, Имам еден живот, Бројаница, Таго моја црноока, Стани, стани, зоро, Сè сум стекнала сама, Олуја, Спомени, Треба време, Рано моја, Не жалам јас, Те засакав, и други.
Во 2011 година во Сава Центар го оддржала својот прв солистички концерт и оттогаш секоја година изведува концерти во арената во Белград. Во истата таа арена, во октомври 2015 година, во два наврати одржала концерти со кои ја одбележала дотогашната триесетгодишна музичка кариера.
Извор: Булевар21