Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ добивале закани по СМС – ги повикуваат Заев и Мицкоски да седнат и да се договорат

0

Дел од опозиционите пратеници кои јавно не кажаа дали се „за“ или „против“ предлогот за пристапување кон измена на уставот, вчера во Собранието ги повикаа лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски, да седнат на заедничка маса за се договорат за да најдат решение за излез од кризата.

Со повиците до Заев и Мицкоски да најдат консензус, како што изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК дел од пратениците, ќе се намали притисокот врз нив од јавноста и од дел од структури во партијата и со мирна совест ќе гласале за Договорот од Преспа.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Елизабета Канческа-Милевска вчера од собраниска говорница ги повика Заев и Мицкоски да седнат на заедничка маса за да го најдат потребниот консензус и одржливо решение кое може да се најде преку неколку суштински измени на Договорот од Преспа.

„Лидерите на политичките партии треба да го истуркаат овој процес и да помогнат. Голема е нивната одговорност за Македонија да не биде изолирана. Требаше искрено да се пристапи кон решавање на ова големо прашање. Мора да си ги признаеме меѓусебно грешките инаку нема да одиме напред кон иднината.“, кажа Елизабета Канческа-Милевска.

Порано овој месец,САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се жалат пред нивните колеги од опозицијата со кои разговараат за поддршка на уставните измени и пред странски амбасадори дека се под закана за животот ако ги поддржат амандманите во Собранието.

Пратениците кои ги добиле заканите на мобилен телефон ги покажувале пораките пред колегите пратеници, но и пред некои од меѓународните претставници и новинари. Во некои од заканувачките пораки на смс, вибер и на вацап се споменувани и деца.

Целиот текст прочитајте го на СДК.

Претходна статијаЈанушев од ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката е едногласна, ниту еден наш пратеник нема да гласа за
Следна статијаАна Бекута дрско одтурна обожавателка бидејќи се плашела од вируси