Дарко Лазиќ: Јас сум најголемиот кретен на светот, можев се да упропастам

0

Дарко Лазиќ после сознанието дека по втор пат ќе стане татко не престанува да плаче од среќа.

Тој сега сака што побрзо да закрепне од тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа на 23 октомври како би бил крај свршеницата Марина Гагиќ.

Тешко му е и сака што е можно побрзо да оздрави од тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа пред месец дена за да може да биде покрај својата бремена девојка.

Пејачот е пресреќен од добрите вести кои му дадоа дополнителна сила во овие тешки моменти, и сака неговото второ дете да биде машко. Бидејќи веќе има ќерка, Лорена, која што ја доби од бракот со Ана Севиќ, неговите пријатели не се изненадени што посакува и машко дете.

Откако дознал дека неговата 19-годишна свршеничка е бремена му се вратила насмевката на лицето и почнал да се шегува со медицинскиот персонал.

Нека е живо и здраво, и нека биде син, се шегувал Дарко кога од медицинскиот персонал му честитале за бебето.

„Најсреќен сум на светот и покрај се’ што ми се случи. Би сакал да ми биде син, но и да е женско, бебето ќе го сакам најмногу на светот. Мојата Марина е најдобра, многу ме прави среќен. Јас сум кретен. Најголемиот кретен на светот, можев сé да упропастам, коментира Лазиќ“, е пренесе Ало.

Како што пренесуваат и другите медиуми, Дарко пред пријателите кажал дека Марина е неговата животна љубов и дека му е благодарен на господ што таа е фина кон неговите родители, кои ја прифатиле како свое дете, но и затоа што не го напуштила и била со него во најтешките момент.

Тој им кажал дека планира да се ожени со неа веднаш откако малку ќе закрепне и дека нема никогаш да го заборави тоа што цело време е покрај него, .дури и кога дознала дека е зависник од дрога, не се откажала да му помогне на саканиот да излезе од тој пекол и полесно да ги преброди болките.

Само да потсетиме. Марина најпрво мислела дека и доцни циклусот поради стресот што го доживеала поради несреќата. Но откако била кај доктор, и соопштил дека е бремена, и тоа најпрво го кажала на родителите на Дарко, а потоа и на него по консултацијата со неговите доктори.

Претходна статијаЧетири се: Овие хороскопски знаци владеат со светот
Следна статијаОвие хороскопски знаци ќе имаат најголема среќа до крајот на годината