Радосната вест дека српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ ќе стане татко по вторпат, го израдува неговото смејство, колегите, пријателите како и неговата публика. И додека до неодамна на дарко му упатуваа поддршка и се молеа за неговиот живот, сега сите му честитаат.
Убавите вести за бременоста на свршеницата на Дарко, Марина гагиќ, ги потврди мајката на пејачот Бранка, како и неговата кума Андреана Чекиќ, како неговиот пријател и менаџер Милијан Врачевиќ. Марина заплакала од среќа кога дознала, а на овој начин тоа му го кажала на семејството и својот сакан:
-Марина на необичен начин му соопшти дека е во блажена состојба. Дојде кај нас и не кажа ништо, туку само ја покажа снимката од ултразвук. Ние ја гледавме во неверување, а тогаш таа со тивок глас кажа „Бремена сум“. Милан и јас почнавме да плачеме од среќа и да ја прегрнуваме. Тогаш и таа заплака. Беше многу емотивно – открива низ насмевка мајката на Дарко, а потоа откри како нејзиниот син реагирал на веста:
-Веднаш решивме да му кажеме на Дарко и отидовме во болницата. Марина беше исплашена како тој ќе реагира, да не се возбуди премногу во таа состојба. Меѓутоа, докторот рече дека слободно можеме тоа да му го кажеме бидејќи му треба позитивна вест и беше во право. Кога дозна дека ќе стане татко по вторпат, мојот син буквално се подигна и кажа: Сега ја имам најголемата причина да оздравам побрзо и да излезам од болница, вели Бранка. На прашањето кога се очекува Дарко да излезе од болница, мајката вели дека се уште е неизвесно.
-Се уште не знаеме. Тој сега е подобро, добро се чувствува и сака да се опорави. Ги слуша лекарите, се придржува на терапијата. Единствен проблем се нозете, треба да застане на нив. Ма, само полека, со време се ќе се врати на старо. Ќе видите колку е чудна судбината, вели госпоѓата Лазиќ.