Која од која покукла – Лила и Наташа Малинкова (ФОТО)

0

Дел од пејачите на македонското забавно небо, вчеравечер имаа одлична дружба и забава во Прилеп на фестивалот „Мел Фест“  кој се врати на сцената.

Фестивалот своевремено беше единственото музичко талент-шоу во Македонија и надвор од неа, на кој децата од Македонија, но и од целиот регион и Балканот изведуваа познати песни, хитови и евергрини, се врати на сцената на голема врата.

Па така, на истата сцена преку песна, спомени евоцираа: Елена Петреска како уметнички директор на фестивалот, потоа Андријана Јаневска, Симона Попоска, Наташа Малинкова, Елена Велевска, Игор Узунов, Маријан Стојаноски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска, беа само дел од пејачите кои настапија на гала-вечерта во центарот за култура „Марко Цепенков“.

Бидејќи ова беше посебен настан, така и дамите кои учествуваа изгледаа посебно. Од нив ги издвојуваме Лила Стојановска која беше домаќинка на сцената и поп-пејачката Наташа Малинкова.

Изборот на Лила беше долга транспарента толета со колор детали која ја истакна нејзината совршена линија, додека пак Наташа се одлучила за ултра урбана и шик варијанта од црно макси сако со впечатливи копчиња, надополнето со црна маичка.

Лила и Наташа покажаа дека минимализмот секогаш е полн погодок, особено кога се знае точно колку гола кожа треба да се покаже. Инаку, по официјалното претставување, учесниците имаа афтер забава од каде споделија неколку видеа и фотографии на кусите Инстаграм приказни.

Инаку, она што се случуваше вчеравечер е само најава и всушност почеток за ’Мел-фест – талент-шоу’, кое ќе започне пред Нова година, низ 15 градови во Македонија.

Извор: Вистина

Претходна статијаСеверина пет години била во тајна врска со овој маж – раскинувањето и донело успех во кариерата ФОТО
Следна статија(ВИДЕО) Варошлија распали како никогаш досега: На мета се најде Елена Велевска