Сања Цинцева-Барби, фолк-пејачката која на пошироката македонска јавноста стана позната по песната „Министерка“ уште една покажа дека е фатална за припадниците на машкиот род.
Откако имаше физичката пресметка со поранешниот дечко, фудбалерот Мартин Блажевски, повторно се степала со уште еден дечко, овојпат на австриски терен, односно во Виена каде што живее и работи партнерот.
„Ексклузив“ денес објави дека фолкерката завршила во станица откако соседите ги пријавиле неа и дечкото за нарушување на јавен ред и мир, а причина била нивната гласна караница поради фактот што дечкото бил оженет, а Барби во моментот кога дознала викала и урлала на цел глас, па полицијата морала да интервенира.