Газдата ја „закрпил“ Фани која јавно се пожали: Останав со „празен џеб“ – вечерта неплатена

0

Поранешната македонска пејачка , а веќе долги години активен диџеј низ земјата и регионот, Фани Христова, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук јавно се пожали за тоа што останала без хонорар по договорениот настап во една дискотека.

Веројатно револтирана од ситуацијата, сакаше да си олесни на душата со тоа што ќе раскаже што се случило, па преку емотивен статус од кој ја воздигна својата публика и она што го работи, напиша дека некогаш се случува сопствениците на ноќните клубови да не го платат ангажманот.

„Во 17 години работа како диџеј сум благодарна што сум имала чест да ве гледам среќни на подиум, секогаш, се журкавме, растевме, сите заедно, јас со вас, вие со мене. Се сеќавам на сите ваши среќни лица… „Еј ама ми ја погоди песната“, „Кога доаѓаш пак?“ или „Со дечко ми се запознавме на твојата журка и веќе имаме две деца“… Сите тие работи се дел од мене и дел од сите вас. Но, за жал постојат места каде сопствениците не се свесни и за жал чесно завршената работа на крај на вечерта останува неплатена!, пишува Фани.

Инаку, Фани веќе неколку години покрај на музиката, посветена и на јогата поради која често патува во потоплите краишта на светот.

Извор: Вистина.мк

Претходна статијаШтип завиен во црно: Не издржа тинејџерот што беше покосен на пешачки
Следна статијаКрај на сите надежи: Унгарија јасно порача – Нема шанси Груевски да го дадеме на Македонија