Многу Македонци ќе бидат погодени: Борисов нареди проверка на пасошите од последните пет години

0

Бугарскиот премиер нареди проверка  на издадените бугарски лични документи на странски државјани во последните пет години. За инспекција тој ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Државната агенција за национална безбедност на Бугарија и побара резултатите од истрагата да бидат достапни пшто побргу.

На 29 октомври Специјалното обвинителство влезе во Државната агенција за Бугарите во странство за да ги истражи наводите за продажба на бугарско државјанство.

Повеќе од 20 вработени во агенцијата беа уапсени, а поднесени беа обвиненија за четири лица, вклучувајќи го и претседателот на агенцијата Петар Харалампиев.

Претходна статијаМВР: Груевски сеуште е во Унгарија и чека азил
Следна статијаПо Меркел, Кралицата Ранија од Јордан вчера објави фотка и со Маја Иванова