Министерство за правда: Груевски ќе биде екстрадиран, имаме силен основ

0

Министерството за правда информираше дека постои правен основ Македонија да побара екстрадиција од Унгарија за екс-премиерот во бегство, Никола Груевски. Барањето за екстрадиција е во подготовка и се собира потребната документација. Се очекува во скоро време да биде испратено до Унгарија.

МВР отвори две истраги за овој случај, а со нив треба да се утврди како избегал Груевски и дали некој од полицијата му дал помош, бидејќи, речиси невозможно е тој сам, без логистика да ја напуштил државата.

Инаку денес се навршуваат седум дена од бегството на поранешниот премиер, кој конечно во вторникот се огласи на својот фејсбук профил и информираше дека пребегал во Унгарија.

Новинарски екипи веднаш заминаа во главниот град Будимпешта, но до денес не успеаја да откријат каде е тој сместен, ниту да ја потврдат информацијата дека со сигурност е во Унгарија.

Претходна статијаКоја е Надежда – мајката на Николa Груевски и сестра на првиот министер за внатрешни, Јордан Мијалков
Следна статијаНов удар за Дарко Лазиќ, овој дечко навистина нема среќа