Весна од Сиднеј, Австралија: Преку цвеќе ми испратија нешто и потоа сè ми тргна наопаку

0

Со години во животот на Весна се’ одело наопаку, а за своите проблеми ја обвинувала судбината и лошата ѕвезда под која се родила. Подоцна, кога се обратила на исцелителката Р.К. дознала дека нејзините проблеми биле предизвикани од црна магија, за што набрзо се уверила бидејќи нашла сомнителен мал свиток во саксијата со цвеќе. Свитканата хартија се наоѓала токму на она место каде што и било кажано да бара…

Многумина од нас не веруваат во црна магија додека не ја искусат на своја кожа, па така и Весна не верувала во натприродни сили додека не се убедила во спротивното. Таа раскажува дека уште кога имала 22 години се омажила и за првпат се доселила во Австралија. Сопругот бил 10 години постар од неа и во почетокот не се забележувала разликата. Но со текот на годините, дошле деца и некако се’ се променило.

Весна била се’ уште млада и сакала да излегува, но поради децата останувала дома додека тој постојано излегувал и лумпувал. Па така, после две деца и пет години брак, таа се уверила дека парите не се сè во животот и се развела. Две години подоцна, Весна повторно мислела дека ја пронашла својата сродна душа. Овој брак траел само девет месеци. Во третиот брак се задржала малку подолго од една година, а после третиот развод одлучила повеќе да не се мажи.

ТРИТЕ ЗЛА ОД МИНАТОТО

-Не беа само моите бракови. И здравјето ми беше лошо, работата ми одеше лошо. Еден чекор напред, два назад, ете таква ми беше судбината. На сите им сакав само добро, но за жал, не се сите како мене – се потсетува Весна на својот живот.

-Кога пред 2 месеци побарав помош, се шокирав од прашањето дали се сеќавам на некои подароци од минатото: цвеќе, бонбониера и парфем? Не знаев веднаш на што мисли исцелителката, но тогаш ми беше раскажан настан кој го имав заборавено, сцена од првата година во мојот прв брак. Имено, сретнав три познанички кои ги повикав во мојот дом за да им се пофалам со мојот нов живот.

Тие дојдоа следниот ден. Ми донесоа цвеќе, парфем и бонбониера. Му се восхитуваа на мојот дом, на мојот сопруг, на мене… Но на лицето им се гледаше пакост и се чувствував многу непријатно. Тогаш се сомневав, а сега сум сигурна дека нивните насмевки беа лажни. Всушност, кога се сетив на настанот, сфатив дека животот ми тргна надолу после нивната посета.

Оваа несреќна жена барала одговори насекаде: на лекар, на психолог, психијатар, пријатели. Меѓутоа, официјалната медицина не можела да и помогне, а Весна не ни помислувала дека се’ што и се случува е последица на црна магија. Сега таа вели дека жали зошто порано не побарала помош на друго место, можеби животот ќе и бил поинаков. Жали за изгубените години…

Претходна статијаСтрашна сообраќајна несреќа: Враќајќи се од екскурзија во Македонија излета автобус полн со средношколци
Следна статија(ВИДЕО) Груевски ужива на Сејшелите