Каролина Гочева проговори за брачниот живот

0

Кога сте јавна личност постојано сте во центарот на вниманието, а посебно приватниот живот кој постојано е на мета на медиумите. Каролина Гочева кога станува збор за музиката секогаш има да понуди добра и квалитетна песна, но за приватниот живот не сака многу да зборува.

Таа вели дека не крие ништо од приватниот живот и дека се знае доволно и основните работи кои не можат да се сокријат. Во интервју за „Ексклузив“ таа вели дека во брачниот живот секојдневието и изгледа како на секоја нормална жена.

„Понекогаш знам да потфатам по дома, сакам да готвам. Не сум совршена, но сакам да експериментирам и сакам да правам некои работи“ вели Гочева. Таа истакна дека иако со нејзиниот сопруг Михаил Корубин и двајцата се уметници сепак успеваат да го прилагодат времето како им одговара.

„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме. Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, вели пејачката.

Гочева вели дека ја прават среќна луѓето кои ги сака, а за приновата во семејството истакна дека би сакала да се реализира како мајка.

„Тоа се прашања кои така се поставуваат. Прво кога ќе се мажиш, па потоа кога  ќе родите бебе. Се разбира дека би сакале и тоа да се случи, но животот самиот си ги планира работите„ вели Гочева за „Ексклузив“.

Претходна статијаПромената на времето почнува од утре – ќе падне и првиот снег
Следна статијаПо Дарко Лазиќ, се разведува и неговата кума (ФОТО)