По бегството на Груевски во Унгарија, СЈО ќе бара притвор за сите обвинети

0

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување на присуство, за лица кои се обвинети во повеќе случаи и се товарат за тешки кривични дела, неофицијално дознава „А1он“.

Ваквата одлука е донесена откако по четврти пат, обвинет, осуден во предметите на СЈО бега од државата кога судот носи одлука за притвор односно издржување на затворска казна.

Претходно, бизнисменот Сеад Кочан беше во бегство и се бараше со меѓународна потерница, во време кога СЈО за него бараше притвор.

На аслобода се уште се поранешните вработени во УБК, Никола Бошкоски и Горан Грујевски на кои Апелациониот суд им одреди притвор. Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало.

Последно, по пресудата за случајот „Тенк“ илегално земјата ја напушти и експремиерот Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк”. Тој е во Унгарија, каде бара политички азил, за кој дополнително тамошните власти треба да одлучажуваат.

Претходна статијаТасевски распука по власта: Џабе ви се потерници, најголемите бандити ги пуштивте да избегаат
Следна статијаБеше министер во владата на Груевски, а сега жестоко го критикува: Најостро го осудувам бегството на Никола