Тасевски распука по власта: Џабе ви се потерници, најголемите бандити ги пуштивте да избегаат

0

Актерот Сашо Тасевски вечерва преку Фејсбук статус ја искритикува власта за бегството на Никола Груевски.

-Уште десет потерници да распишете, џабе. Паднавте на испитот. Он ќе добие азил за некој ден и правец Аргентина или Чиле. И ќе му се фатиме.

Најголемите бандити од најтесниот круг на Дон Корлеоне, ги пуштивте да избегаат.

Престанете со театарчето СЈО, ОЈО, преку МОЈО. Ослободете ги сите обвинети од Бомбите, оти нема резон да ги гоните кога сите нивни наредбодавци се слободни. Бркајте крадачи на ќебапи и толку.

И уште криете на кој начин ја напуштил земјата. Баш ме занима дали тоа некогаш ќе го откриете.

Претходна статијаВесна Бејби со емотивна порака за својата ќерка (ФОТО)
Следна статијаПо бегството на Груевски во Унгарија, СЈО ќе бара притвор за сите обвинети