На Maлта е лесно да се најде работа, но не можеме да седиме затоа што за тоа не не плаќаат, раскажува девојка од Ниш. Раскажува дека работат по девет часа или повеќе, а заработуваат по 5 до 8 евра за час.
Вели дека на Малта заработува шест српски плати.
-Преубаво е чувството кога одиш на шопинг и не калкулираш.Твојата работа зависи од квалитетот – вели таа.
Важни се трудот, и посветеноста на работа.
-Мене Малта ми го даде она што Србија ми го скрати. По 34 години живот, сега живеам со полни гради – вели таа. Но, додава дека таму нема кому да се обратите за помош и сте оставени сами на себе.
Додава дека Србија нема податок колку нејзини граѓани има на Малта, и затоа не можат да очекуваат никаква помош од матичната држава, затоа што за неа едноставно таму не постојат.
Извор: Република