Во изминатитот период српските медиуми често пишуваа дека синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ ќе прави следната година. Пејачката сега одлучи да стави крај на сите шпекулации и да открие вистината.
„Свадба ќе има, некоја година, некој месец, некој ден, се крена безпотребна прашина. Нема да биде следната година, не се такви нивните планови, тие живеат заедно, имаат други приоритети.
Читам каква ќе биде свадбата, дека ќе потрошам 100 илјади евра, дека ќе се натпреварауваат со мојата свадба со Жељко. Сешто се пишуваше, но добро тоа се добри вести. Тоа ме насмеа“, вели Цеца за „Премиера“.
Таа истакна дека прочитала дека Вељко ќе се сели од семејната куќа: „Тоа се глупости, зарем ќе живеам сама? Живеам со синот и снаата. Анастасија ќе се мажи, извинете, кога ќе се мажи ќе си замине од куќата, а јас останувам да живеам со синот и снаата“, објасни фолк дивата.