Тања Савиќ: Мојот Душан е многу горд што покрај себе има толку убава жена

0

По многубројните шпекулации, познатата пејачка открила каков е навистина нејзиниот однос со сопругот

Од моментот кога стапнала на сцена, животот на Тања Савиќ е под будното око на јавноста. Сепак, во последно време најмногу се зборува за нејзиниот брак со Душан Јовановиќ.

Тања и Душан со години живееле во Австралија, а познатата пејачка повеќепати истакнала дека не била среќна во таа земја, без оглед на условите што ги имала.

Токму поради тоа се одлучила на важен чекор во животот и продолжила со работата што ја обожава. Тања се вратила во студиото и извадила неколку хитови, што го привлекло вниманието на јавноста.

Ваквата популарност и’ помогнала на Тања да стане омилена меѓу обожавателите, а таа неодамна открила и како нејзиниот сопруг се справува со тоа.

„Душан е многу горд што покрај себе има толку убава жена, тука нема место за љубомора. Не е љубоморен, тоа заврши. А моите деца сè уште не се свесни што се случува. Постариот да, но помладиот не е . Кога ќе ме видат на телевизија, тоа најчесто им е смешно“, открила Тања.

Убавата пејачка открила и дека нема време за одмор, бидејќи работата е нејзината најголема преокупација.

„Јас не се одморам, немам време. Работам како машина! Размислувам што да снимам, бидејќи секогаш сакам да биде нешто ново. Имам повеќе понуди, ќе видиме која песна ќе биде одбрана. Се надевам дека ќе излезе во декември“, истакнала Тања.

Претходна статијаМарија Шерифовиќ искрено: Татко ми Рајко беше коцкар и ни го растури семејството
Следна статијаДваесет и шест годишната Анѓела раскажува како била жртва на “предатори” во големиот град