Марија Шерифовиќ искрено: Татко ми Рајко беше коцкар и ни го растури семејството

0

Иако многумина сметаат дека гласот и ставата одат заедно во комбинација, евровизиската победничка смета дека тоа не е пресудна формула за успех.

Со негувањето на автентичноста која ја има добиено од своето раѓање, Марија Шерифовиќ од почетокот на својата кариера важи за личност што најдобро може да се опише со епитетите – своја, различна и единствена.

Вербата во себе, која отсекогаш ја поседувала, и’ има овозможено да не прави компромиси поради кои ќе се кае и, иако скапо ја има платено цената на слободата, денес таа е едно од најреспектираните музички имиња на овие простори.

Благодарение на овој статус веќе неколку години е дел од најгледаното талент-натпреварување „Ѕвездите на Гранд” , а во интервју за телевизискиот естраден магазин „Бекстејџ”, пејачката откри дека е ужасната од моменталната состојба во која се наоѓа музичката сцена.

Ова што моментално се случува е хорор-сцена! Да, естрадното небо е големо и за секого има место, но ми пречи тоа што веќе не се знае кој јаде, а кој плаќа. Не може старлета да биде пејачка и обратно, се’ е измешано“, искрена е Шерифовиќ.

Наместо да научат да пеат, тие се натпреваруваат која ќе облече пократко мини-здолниште, жално“, заклучи Марија.

Евровизиската победничка Марија Шерифовиќ во нејзиниот филм „Исповед“ признава дека е лезбејка и алкохоличарка, но ги споделува и болните моменти од животот, раскажувајќи за животот на нејзиниот татко Рајко кој бил коцкар и алкохолочар и честопати ја претепувал нејзината мајка.

Во филмот, Марија се опишува како жена која никогаш не знаела да губи, а во животот победувала исклучиво поради нејзиното семејство.

– Во животот имав многу погрешни избори. Се сеќавам на првата љубов од Крагуевац. Секогаш посакував долга врска и емотивна стабилност.

Неколку пати досега сум имала однос со жена и можам да ви признаам дека е прекрасно чувството тоа што не ве гребе нечија брада – низ смеа раскажува Шерифовиќ.

Таа вели дека и покрај нејзината наклонетост кон жените, во 30-тата година од животот посакува да биде мајка, и најавува дека еден ден ќе отиде во банка за спе рма, каде ќе го побара таткото на нејзиното дете.

Во играно – документарниот филм, српската пејачка признава дека во животот направила многу грешки, но со вербата во Бога и со помош на другите луѓе, особено на мајка и, успеала да излезе на вистинскиот пат. Шерифовиќ го осудува татко и Рајко кој го растурил нивното семејство.

– Рајко беше коцкар и сето тоа многу не чинеше. Исто така, немаше граница во пиењето, Кога мајка ми беше во деветти месец од бременоста, ја остави и замина со друга жена, со која го доби Даниел.

Тој и нанесе многу болка на мајка ми, јас му простив, но никогаш нема да му го заборавам тоа. Мајка ми имаше 9 спонтани абортуси, жал ми е што немам роден брат или сестра – низ солзи раскажува Шерифовиќ.

Во филмот се овековечени и зборовите на Верица Шерифовиќ, мајката на Марија.

– Добро се сеќавам на моментите кога Рајко безмилосно ме те паше, при што бегав на улица да барам полиција за помош – вели Верица.

Во „Исповед“ зборуваат и други познати личности од српскиот јавен живот, меѓу кој и претседателот на Србија Томислав Николиќ.

– Таа е победничка. Уште од мали нозе претчувствував дека Марија ќе ниже победи и успеси во животот – се импресиите на Николиќ за животот на Марија.

„Исповед“ е режија на Петар Вујаниќ. Европа ја запозна Марија Шерифовиќ во 2007-та година кога победи на изборот на Евровизија со песната „Молитва“.

Претходна статијаЗолвата гневна на снаата: Ме користиш само за да ти ги чувам децата
Следна статијаТања Савиќ: Мојот Душан е многу горд што покрај себе има толку убава жена