Министерство за финансии се дообјаснува околу покачувањето на данокот

0

Со воведувањето на праведен, прогресивен данок во Македонија ќе се обезбедат дополнителни средства за воведување на минимален гарантиран приход.

Со ова, најдоходовните граѓани ќе им помогнат на ранливите категории на граѓани, се наведува во денешното соопштение од Министерството за финансии.

Од Финансии појаснуваат дека најдоховните еден отсто граѓани имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од онаа на останатите граѓани. Затоа, прагот за прогресивното оданочување е поставен за да ја опфати токму оваа група граѓани.

– Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8 отсто за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10 отсто како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8 отсто, истакнува Министерството за финансии.

Претходна статијаСамо поради суетата (славољубието), нашето срце останува заробено од страстите, а умот непросветлен
Следна статијаРазочарана сум во машкиот род – за да ме вработи, ми бараше