Поранешната љубовница на познатиот српски пејач Мирослав илиќ, Мирјана Антоновиќ, која во вонбрачна заедница го родила синот Девин, открила на Фејсбук како дошло до крах на нивната врска, а она што сите ги шокираше е информацијата дека пејачот ја оставил кога била во осмиот месец од бременоста.
-Среќни денови, Мирослав и јас во Белград, осми месец бременост!Фото пред крајот-напишала Антоновиќ, која се бори да докаже дека Мирослав Илиќ е татко на нејзиниот син Девин.
Инаку Мирјана покрена петиција во Србија задолжителна да стане ДНК анализата, ако е под знак прашање било чие биолошко потекло.