Атрактивната фолкерка Сања Цинцева Барби раскинала со момчето, односно фудбалерот Мартин Блажевски, а „Ексклузив“ информира дека во познат кафе бар започнала жестока кавга меѓу Сања и момчето, а пејачката му удрила и шлаканица.
Освен кавга дошло и до физичко пресметување меѓу парот, односно неколку шлаканици и тегнење за коса, пренесува естрадниот магазин.
На прашањето зошто фудбалерот добил шлаканица, Сања Барбика одговори: „Си го заслужи шамарот“