Александра ги воодушеви сите со овој потег. Познатата пејачка Леба Брена направи журка во знак на поддршка за спектакуларниот концерт во Арена.
На прославата покрај семејството и најблиските пријатели ги повика и претставниците на медиумите, а во центарот на вниманието беше бремената пејачка Александра Пријовиќ.
Таа заедно со својот сопруг Филип Живојиновиќ на настанот се појави меѓу првите гости, а нешто подоцна се фати и за микрофонот и со својот прекрасен глас ги воодушеви гостите кои беа присутни на журката.
И додека таа пееше во еден момент и се приближи Бобан Живојиновиќ, ја прегрна и бакна. Тој со овој чекор по кој знае кој пат покажа колку неговото семејство ја цени и почитува нивната снаа Александра.