Ване Цветанов до Груевски: Во затвор ќе имаш време и да читаш и да пишуваш книги

0

Адвокатот на Никола Груевски побара одложување на казната на екс-премиерот, поради како што порача, Груевски ќе пишува книга врз основа на докторската дисертација „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“.

На тоа, екс-директорот на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов на шеговит начин му порача на Груевски дека ќе има доволно време во затвор за пишување на книги.

Груевски барал да не оди во затвор, оти пишувал книга. Ех Никола, Никола…. Не се секирај, во затвор се напишани многу познати книги, ама слабо си читал. Затоа, сега во затвор ќе имаш многу време да се едуцираш.

Ќе имаш време да читаш, па и да пишуваш книги. За пишување, затворот ти е идеално место. Ќе се увериш…

Претходна статијаСтана најмлада милијардерка на светот, па и купи Ферари на мајка и (ВИДЕО)
Следна статијаТачи: Белград нека “грака” колку сака, Турција ја испочитува Косовската држава во Истанбул