Родителите на Дарко Лазиќ и денеска во болницата во Земун каде лежи нивниот син. Мајката на Дарко за српските медиуми истакна кратко дека е подобар и дека се опоравува.
– Дарко се чувствува добро, вели таа.
Тој е во болница по страшната сообраќајка во која излета со возилото.
Членовите на семејството на Дарко Лазиќ како и неговата се уште законска жена и новата девојка секојдневно се во болницата во Земун каде денеска беше и опериран пејачот.
Засега иако постојано во болницата се неговите мајка и татко, поранешна сопруга и сегашната девојка, него го имаат видено само неговата мајка и сопругата Севиќ. Еден од роднините на Дарко за српски „Информер“ вели дека е изненадена што Ана меѓу првите дојде во земунската болница да го посети поранешниот сопруг.
-Не очекувавме дека Ана ќе дотрча во болница. Изненадени сме, но добро… Имаа дете, треба сега да биде покрај него, вели роднината на пејачот.
Инаку Ана Севиќ вчера целиот ден беше покрај семејството на Дарко, а според фотографиите таа била видно потресена, бледа и исцрпена.