Палмер: Нема потреба од средба со Мицкоски и Иванов – ним им беше кажано сè преку писмото на Мичел

0

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер ја смета за историска одлуката од петокот на Парламентот и почеток на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

Тој ја поздрави одлуката на 80 пратеници кои гласаа „за“ и им честираше на оние осуммина од опозицијата на храброста да се одважат да гласаат за интересите на земјата, а не на партијата.

Палмер очекува и амандманите да добијат поддршка во Собранието. На брифингот со новинари, Палмер рече дека остварил средба со 30 пратеници од сите пратенички групи, меѓу кои и пратеници од опозицијата кои гласале за почеток на постапката за уставни измени.

Тој изрази загриженост дека некои биле изложени на притисоци и закани. Рече дека со лидерот на ВМРО ДПМНЕ не се видел и дека за тоа нема потреба, бидејќи како што рече, се што требало да му биде пренесено и се што требало да се каже било во писмото на Вес Мичел. Исто така, тој рече дека нема потреба да се сретне ниту со претседателот Иванов.

Целиот текст прочитајте го на НОВА

Претходна статија„Сакав да избегам од него“: Скопјанката Елеонора од „Задруга“ проговори што преживеала од момчето
Следна статијаГоце Тодоровски: Ванчо ни беше како Ален Делон во друштво, покрај него и ние фаќавме женски