Туѓа си бескрајно: Нашинци во Австралија, Ефто Пупиновски ви е таму, не го пропуштајте

0

Фолк легендата Ефто Пупиноски е на турнеја низ Австралија. Тој е таму заедно со битолската група„ Милениум“. Организатор на турнејата е Македонското младинско друштво „Никола Карев“ од Мелбурн.

Ова е уште една можност во живо да се слушнат неговите безвременски хитови „Туѓа си бескрајно“, „Зоро моја Зорице“, „Лихнида кајче веслаше“, „Тинке, Катинке“, „Ти ми беше прва пролет“, „Сакам да ти влезам во срцето“ и други.

Турнејата започнува во Волонгонг, каде ќе одржат концерти на петти октомври. На шести и 12 октомври се во Сиднеј, во Мелбурн ќе одржат два концерти и тоа на 13 октомври во „Фераро рецепшн“ на 19 октомври во „Емералд рецепшн“.

На 20 октомври ќе одржат концерт во Аделаид, на 26 се во Џилонг и на 27 октомври е последниот концерт, кој ќе се одржи во Перт. (В.М.) – 7дена

Инаку, за неговата најпозната песна “Туѓа си бескрајно”, Ефто во минатото изјави:

„Ту­ѓа си бе­скрај­но“ е сво­е­вид­но чу­до

Мно­гу­ми­на на ше­га ве­лат де­ка Ма­ке­дон­ци­те не беа под­го­тве­ни за „Ту­ѓа си бе­скрај­но“ во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Пес­на­та ста­на хит по две де­це­нии и ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни не­ма ка­фе­а­на без неа. За тоа зо­што тол­ку доц­на со­зреа оваа пес­на, Пу­пи­нов­ски ве­ли де­ка „Ту­ѓа си бе­скрај­но“ е сво­е­вид­но чу­до.

– Прес­лу­ша­на е на „Јут­јуб“ пре­ку 3.000.000 па­ти (па­тем ка­жа­но за на­ши ма­ке­дон­ски ус­ло­ви хит е онаа пес­на што е ба­рем 500.000 па­ти прес­лу­ша­на). Пес­на­та ја из­ве­дов на фе­сти­ва­лот „Кам­бе­ра“ во Ав­стра­ли­ја во 1992 го­ди­на и то­гаш ја до­би тре­та­та на­гра­да (на­по­ме­ну­вам, без ни­ка­кви ла­жи­ра­ња) од пуб­ли­ка­та. Зна­чи таа бе­ше при­фа­те­на од слу­ша­те­ли­те и во тоа вре­ме, а се­га, мо­же­би ќе би­дам не­скро­мен, дој­де до полн израз би­деј­ќи има не­до­стиг од до­бри пес­ни – ве­ли Пу­пи­нов­ски.

Мал­ку тра­ги-ко­мич­но е тоа што пес­на­та се пее ду­ри и по свад­би, но, спо­ред не­го, и тоа си има свое ло­гич­но об­јас­ну­ва­ње би­деј­ќи при­сут­ни­те во тој мо­мент ја до­жи­ву­ва­ат ка­ко пес­на ко­ја бе­скрај­но ги рас­по­ло­жу­ва и раз­ве­се­лу­ва.
Се­пак, по по­ве­ќе од 40 го­ди­ни на сце­на­та не е са­мо „Ту­ѓа си бе­скрај­но“ таа што се пее на глас од но­ви­те ге­не­ра­ции.

– Да, не са­мо „Ту­ѓа си бе­скрај­но“, ту­ка е и рас­кош­на­та „Лих­ни­да кај­че вес­ла­ше“, ко­ја ве­ќе има 5 ле­гал­ни и уште тол­ку не­ле­гал­ни вер­зии низ Бал­ка­нот и е бал­кан­ски хит. За неа мо­же да на­пра­ви­ме спе­ци­јал­но ин­терв­ју. По­крај неа се „Ах, ах, Ана“, „Про­сти ми ду­шо мо­ја“, „Зо­ро мо­ја Зо­ри­це“, итн, на кои сум ком­по­зи­тор, а ка­ко ин­тер­пре­та­тор ту­ка е „Тин­ка Ка­тин­ка“, „Пес­на­та мо­же се“ итн. – рече Пу­пи­нов­ски.

Претходна статијаКако што се очекуваше, веројатно има договор – обвинетите пратеници за 27 април ќе бидат помилувани
Следна статија(ВИДЕО) Зоран Заев: Условите на пратениците од опозицијата кои гласаа ЗА не се проблем