Елена Велевска и сопругот се изрезилија по медиумите, но сега ја објавија новата одлука

0

-По долги разговори, како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје во нашиот живот, и да му дадеме шанса на семејството, и секако на љубовта која што ја имавме со години наназад.

Повлечена е бракоразводната парница, а од јавноста барам почит на нашата приватност и разбирање – открива за ,,Фокус” Елена Велевска, една од најангажираните фолк пејачки кај нас.

-Кога ја соопштив веста дека се разделувам од сопругот, последното на кое што се надевав беше дека моите деца ќе мора да минат низ едно навистина трауматично искуство, но не поради своите родители, туку поради предрасудите на околината.

Сепак, тие не се толку мали, одат на училиште, користат интернет, читаат разни коментари. Навистина беа многу повредени, повеќе од злобата на луѓето, отколку од она што се случуваше во нашиот дом, бидејќи ние сепак, се трудевме да ги заштитиме од се, и се однесувавме доста коректно еден кон друг, и покрај недоразбирањата. Кога ќе се спомне семејно насилство, јасно ми е дека се отвора една тема која што кај нас се уште е табу и полна со предрасуди. Не мора да значи семејно насилство само физичкото насилство над партнерот.

Тука се подразбира и она емоционалното, разни забрани, закани, навреди… Но јас отсекогаш сум играла со отворени карти со јавноста. Мене народот ме направи да бидам она што сум денес, и сметам дека секогаш треба да го зачувам тој отворен однос кон мојата публика и нештата да ги кажам такви какви што се. Затоа и јавно раскажав за проблемите, затоа и сега јавно потврдувам дека решивме да и дадеме уште една шанса на љубовта.

Целиот текст прочитајте го на Фокус

Претходна статијаАлбанија се стреми кон Европската Унија, но со новиот потег сака да се врати во комунизам
Следна статијаЗаев добива директен удар од коалиционите партнери: Неговата верна колешка не гласала за уставни измени