Сопругата на Саша Поповиќ: Да беше друга жена на мое место сто пати ќе го оставеше

0

Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ се 22 години во брак, а во интервју за српскиот портал „Курир“, Сузана искреено прозбори за бракот. Во интервјуто таа откри дека директорот на Гранд, Саша Поповиќ досега неколку пати сакал да го напушти Гранд, но и прозборе во какви односи е со Лепа Брена и Боба.

Сузана истакна дека секогаш се труди да му биде поддршка и помош на сопругот, а кога е нервозен го смирува со убави зборови.

На прашањето дали друга жена на нејзино место би го оставила Поповиќ, таа одговори:

„Одговорот е „да“. Заедно сме 22 години. Сега се разбираме повеќе од кога и да било. Поминавме многу години заедно, се трудиме да бидеме поддршка еден на друг, кога едниот ќе падне другиот е тука да го крене, тоа е знак за цврста љубов и дека кога нешто се сака, се може“, вели Јовановиќ.

Сузана истакна дека е во одлични односи со Брена и Боба, дека Боба ја крстил нивната ќерка Александра и дека се како семејство.

Претходна статијаСреден живот, прекрасен сопруг и деца, го изневерив мажот во Германија и пропадна сè
Следна статијаЃорѓи Спасов: Чија слика за Македонија треба да се следи во иднина, онаа за Северна, или онаа за Вечна