Ава Карабатиќ го кажа своето мислење за Косово и ги изненади Србите (ФОТО)

0

Една од најпознатите хрватски старлети, но исто така и една од најскандалозните јавни личности во Хрватска, Ава Карабатиќ, се пофали на социјалните мрежи со новите активности што ја очекуваат во наредниот период, па ја допре и неизбежната тема: реалните шоу програми.

Ава им се обрати на сите што прашуваа зошто долго време не била во ниту едно ријалити, па им одговори на оние кои го споменуваат нејзиното име во ваквите телевизиски формати, а потоа откри дека таа со нетрпение се подготвува за една Модна недела.

„Ако мислите дека се откажав од реланите шоуа, грешите. Благодарение на моите “пријатели” кои постојано ме споменуваат и таму ме има, иако само по име и презиме. Дали можеби чувствуваат опасност дека нешто може да им се наруши? Па, да. Но, затоа, наскоро…

Сега со гордост можам да кажам дека оваа година ќе ме видите на Модната недела во Албанија, но во Косово … И ако сте заинтересирани за моето мислење за Косово, јас сум тука“ – напиша Ава на Instagram, а многумина по ова се прашаа дали старлетата навистина мисли дека Косово е во Албанија или… толку и „сече“?!

Инаку, Ава неодамна се фотографираше гола, наметната само со српското знаме, но дали по оваа своја изјава ќе може да се појави во некое српско ријалити, останува да се види – пишува српски Телеграф.

Очигледно српската јавност се’ уште не ја видела фотографијата по која веројатно се’ ќе им биде појасно, на која хрватската старлета го вее албанското знаме на брод!

Извор: Вистина

Претходна статијаАрау и Германскиот кантон во Швајцарија не би ги менувал за ништо на светот
Следна статијаПотекнувам од Скопско Драчево, а во Америка работам како паркирач на коли