Сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ зад себе има успешна кариера, но сега повеќе е посветена на семејството и домашните обврски. Иако, Поповиќ од многу аматери направи ѕвезди, сепак не се толку трудеше и околу кариерата на својата сопруга.
Од друга страна, на многумина им е чудно што таа никогаш не се најде во улога на жири на најгледаното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Сузана прозбори и откри зошто не е дел од ова музичко случување.
„Јас никако не можам да бидал член, без разлика на моето музичко искуство. Како сопруга на Саша Поповиќ мене не ми е дозволено бидејќи многумина ќе мислат дека пристрасно ги оценувам кандидатите“, изјави Јовановиќ.
Инаку, неодамна започна новата сезона на овој музички натпревар каде што ќе има и македонски кандидати.