Најтазе слика од Врчак, еве како изгледа сега и од каде се јави (ФОТО)

0

Нашиот познат музичар, тоест рапер Таде Врчаковски- Врчак направи камбек во музиката по многу долга пауза. Тоа го сторил како што рекол поради кнеброени пораки што ги добивал постојано.

Врчак, на крајот од минатата година се врати на музичката сцена со нова песна со интригантен наслов, „Да ме лиз неш“, објави Женски магазин.

Врчак е феномен, без оглед на тоа што музички не беше активен, тој ги задржа своите стари фанови, а доби и нови, во сегашните генерации на млади што му ги слушаат песните.

„И повторно сам“, „Пред да заспијам“ и многу други се и денес хитови.

За овој магазин, Раде искрено зборува што правел сите ове години, за љубовта поради која живее, за она што го научил од татко му, познатиот доктор Миодраг Врчаковски.

– Јас сум си “one of a kind”. Љубовта е врв над сè, а животот е бесконечна љубов, и тоа чуство сака човек да го сподели со сите.

За секој човек кој талка по љубовта, или бара скратен пат до љубовта може ова да го кажам:

Малку треба за човек да е најсреќен на свет и полн со љубов, а тое е внатершно чуство кое е бесплатно за секој човек да си го постигне.

Без разлика дали човек живее во палати или под ѕвездите, животот е постојано префинување во убавина и уживања во убавината на животот и љубовта, а љубовта и убавината се насекаде, најблиску до нас, сè во нас самите.

Никогаш не сум имал амбиција да создавам музика, луѓето сами тоа ми го барале да го правам, и истото секогаш тоа ми било некое минорно хоби од моите средношколски диџејски денови кога сум правел мискови и ремиски на песни за во дискотеки и сѐ поврзано со музиката.

Некако излегло да има огромни успеси. Артистската работа ми е обврска мора да кажам, а на никој мислам не му недостасуваат обврски освен кога со љубов сака некој да направи нешто.

Со љубов сѐ се прави, со љубов се прави и сѐ најубаво, љубовта е и инсприација, и муза, и сѐ.

Со огромна љубов го направив албумот кој го снимавме во Америка, за низ цел свет да дојдеме до внимание на ова поле кое е од важност за секој човек на планетата, и одлично излезе сѐ.

Врв е американскиот албум, велат самите Американци, еден соработник кој е номиниран за Греми вели дека песните на албумот ни се врв, со можеби најубави текстови напишани во американската музичка историја (и во тоа во иднина ќе може секој човек да се увери).

Новата песна ја направив потикнат од инсистирања на неизброени, неизброени пораки кои ми стасале од луѓе само во последните неколку години со молења да правам нови песни.

Новата песна ја направив на смеа и со огромна радост, а целта на новата песна е да се привлече внимание на се сите теми

кој се опфатени во воведот на самата песна, а се од важност за секој човек да ги чуе барем еднаш во животот“, изјавил Врчак.

Да ужива во животот човек мора да е здрав, а да е здрав човек мора да се грижи за своето тело и да внимава на исхраната и на физичката активност.

Вегетарианскиот начин на исхрана кој станува најактуелен низ цел свет е и медициски докажано најздрав за телата на луѓето.

Врчак објави своја многу тазе слика. Тој се јави од Марврово, и покажа како изгледа сега.

Очигледно е дека чистиот воздух на планина многу му годел, па нашиот музичар на оваа слика изгледа радосевн и насмеан.

Претходна статијаСергеј отворено на Снеже Велков – да си ја смениш косата, како самовила си
Следна статијаОд голема куќа на село, во мал стан- Драгана Мирковиќ имала големи маки со Тони во бракот