Пејачот Љуба Аличиќ изгради прекрасна вила, темно розова, во строгиот центар на Шабац, во која вложи околу половина милион евра. Во оваа куќа живее со сопругата Жељана и двата сина, додека на синот Дејан од првиот брак му изградил куќа во друг дел на градот.
Пејачот Љуба Аличиќ признал дека многу пари има потрошено, но и исто многу вложил во семејната куќа во Шабац.
Се е во злато и порцелан, а според пишувањата во медеиумите неговиот дом чини половина милион евра.
– Еве видиш ова е мојата куќа, тука јас живеам. Патував одамна по Америка и носевме порцелан. Од Египет го донесовме мебелот, има многу вредности во него, рекол пејачот во тоа време.
Љуба за прв пат се оженил на 20 години и набрзо го добил синот Дејан кој денес се занимава со музика.
Музичката кариера на Љуба Аличиќ е пример за многу млади колеги, но не и неговата семејна приказна за која не сака често да зборува. Од првиот брак има син Дејан Аличиќ со кој не е во контакт. Дејан и пее, но е далеку помалку познат во јавноста.
Вистинската причина зошто татко и син не разговараат не и е позната на јавноста, но вистинскиот парадокс е што и покрај тоа што не биле во контакт, тие соработувале на деловен план.
Така пред десет години Љуба и Дејан го снимија дуетот „Дајте да пие другар мој“, а потоа извесен период настапуваа заедно. Сепак, тие не комуницираа ниту за време на заедничките настапи.
– Сакав да имаме правилен однос, но тоа не и одговара на сопругата на татко ми, не знам зошто! За овие 35 години само два-три пати го замолив да ми позајми некој динар, кога работата не ми оди добро, бидејќи ги издржувам сопругата и ќерка ми.
Никогаш не ми дал ништо, а искрено не ни побарав. Маските паднаа минатата година, кога јас и тато требаше да пееме во дискотека надвор од земјава. Неговата сопруга потоа почна да плаче и да му се заканува дека ќе се разведе ако пее со мене.
После тоа имавме неколку настапи во Босна, а и тогаш не разговараше со мене. И двајцата го напуштаме Шабац, секој за свои пари и одиме на свирки. Си седнуваме секој на својата маса, кога е време за пеење заедно излегуваме на сцена и таму се е супер. По настапот секој оди на своја страна – изјави тогаш Дејан за локалните медиуми.
А Љуба потврди дека не разговара со синот и дека таму ништо нема да се промени.
– Коректно е што не зборуваме и така ќе остане. Му помогнав и сакав да успее во овој бизнис, но тој е многу мрзлив. И има уште една многу посилна причина што не сакам да и ја откријам на јавноста. – изјави тогаш пејачт.