Нов закон „тропа на врата“ – Еве за колку ќе ви биде НАМАЛЕНА ПЛАТАТА!?

0

Се намалуваат правата на над 130 илјади вработени во јавниот сектор, проценуваат од Синдикатот на УПОЗ согласно новите предлог законски решенија со кои ќе се уредуваат платите.

Новиот предлог-закон за плати не уредува како да се зголемат платите, но одредува исплата на основна плата без стаж и други додатоци за време на годишен одмор. Владата има намера оваа појава, веќе забележана во правосудството, да ја прошири на сите институции, велат од Синдикатот.

УПОЗ смета дека законот ќе направи хаос со воведувањето потсистеми, зашто секоја институција треба посебно да ги воведува новите правила. Уште полошо, ќе влијае на укинување на колективните договори.

Конечно, системски закон не смее да се носи без социјален дијалог и со исклучување на синдикатите.

Од ССМ наведуваат дека дополнително вредноста на бодот за ниво на работно место ја утврдува Собранието на предлог на Владата. Според нив, во процесот повторно се исклучени синдикатите и нивните претставници со што се елиминира нивната улога, односно Собранието на државата на предлог на Владата го утврдува коефициентот за максимален износ на плати во различни платни потсистеми.

– Она што загрижува е дека платите дополнително ќе се намалуваат доколку работникот користи годишен одмор, што е уставно загарантирано право и за време на користење на годишен одмор вработените имаат право на плата во висина на нивната основна плата, а за време на привремена неспособност за работа надомест на плата во висина од 80 отсто од основната плата.

Се ова укажува дека во Нацрт- законот е предвидена максимална надлежност на државните органи во регулирањето на оваа материја без социјален дијалог и активно учество на ЕСС и синдикатите како претставници на работниците со што се крши Конвенцијата за правата на работниците во јавниот сектор, како и другите меѓународни документи и принципи за активен социјален дијалог и право на колективно договарање на вработените во јавниот сектор, се вели во соопштението.

Владата, како што се наведува, продолжува со веќе воспоставената пракса на озаконување на сите незаконитости, кои се случуваат на грбот на работниците што е преседан во поглед на уредување на работните односи и социјалниот дијалог.

– Како синдикат, бараме повлекување на ваквиот предлог на закон за да биде доработен без сите негативни ефекти кои ќе ги предизвика, во консултации со претставниците на работниците синдикатите и експерти од Меѓународната организација на труд и останати чинители преку инклузивен процес, стои во соопштението од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Неколку дена пред Нова Година, Министерството за администрација го објави законот на ЕНЕР.

Го претстави како унифицирање на платите, „еднаква плата за работа со еднаква вредност“ и раст на платите во конекција со минималната плата.

До средината на февруари ќе се организираат јавни дебати и расправи за подобрување на текстот, кој ќе биде отворен за сугестии и забелешки.

Законот опфаќа над илјада и 300 државни институции.

Нацрт-законот за систем за плати во јавниот сектор, кој е ставен на ЕНЕР, не е системско решение и со него уште повеќе ќе се искомплицира ситуацијата, оценува претседателот на Синдикатот на УПОЗ при ССМ, Трпе Дејановски.

Дејановски вели дека како Синдикат не биле консултирани за ваквото законско решение, ниту пак поканети кога работела работната група.

Нацрт-законот за систем за плати во јавниот сектор, кој е ставен на ЕНЕР, не е системско решение и со него уште повеќе ќе се искомплицира ситуацијата, оценува претседателот на Синдикатот на УПОЗ при ССМ, Трпе Дејановски во изјава за МИА.

– Ова само уште повеќе ќе ја искомплицира ситуацијата. Воведуваат некакви системи и на тоа некакви подсистеми. Во администрација ќе биде едно, во здравство друго, во одбрана трето, во јавни претпријатија четврто… Ова ми делува како да се сака да се контролира се, да се стави рака врз синдикатите и пресметка на плати како што сака министерот за финансии – вели Дејановски.

Ваквото законско решение, според него, е спротивно на Уставот, бидејќи се прави обид да се регулира исплатата на плата преку правилници, а според уставите одредби, плата се исплаќа само со закон и колективни договори.

Тој посочува дека ќе се носи алтернативна вредност на бодот во случај дали ќе има вонредна, воена или кризна состојба во државата.

– Значи ако има криза ќе имате една плата, ако нема криза, ќе имате друга плата, вели Дејановски.

Со ова законско решение засегнати се од 130.000 до 150.000 вработени во јавниот сектор.

Претходна статијаОва е Џемјс, зетот на Росана, еве какви зборови и упати на неговата Ивана (ФОТО)
Следна статијаОгромна радост во домот на Шаулиќ – Да беше жив денес Шабан ќе беше најсреќен!