Ова е Џемјс, зетот на Росана, еве какви зборови и упати на неговата Ивана (ФОТО)

0

Доајен на македонската песна, пример за достоинствена пејачка, позади која нема никакви афери.

Росана Сарич- Тодоровска е една од оние ретки македонски естрадни ѕвезди чии песни до ден-денес и потпевнуваат, преработуваат и помладите. Од неодамна има нова улога во семејството, баба на два внука Ноах и Матео, објави Точка во една прилика.

Сметам дека во времето во кое што јас се развивав како естраден уметник работите беа многу поинакви од денес. Во мојата кариера од самиот почеток ( а и до денес) одбирав песни кои имаат издржани текстови, полни со значење, музика и аранжмани во која се испреплетуваат нотите за таа песна да биде за душа и уживање.

Најчесто песните се исполнуваа во живо, што значи ако сакаш да си пејач, МОРАШЕ да знаеш да пееш. И само тогаш песната може да го добие својот финален облик – кога со секоја наредна изведба се внесува една нова емоција.

Секогаш се трудев јавните настапи да бидат зачинети со скромен сценски настап, професионално и одмерено држење додека сум на сцена како и постојана грижа за физичкиот изглед.

Не се случило да се појавам на настап со несредена фризура, без шминка или пак облечена во алишта кои би ги носела преку ден со пријателките на кафе.

Денес песните имаат текстови кои најчесто содржат неколку збора кои само се повторуваат во текот на некоја електронска монотона мелодија во позадина.

Се памтат брзо, и се забораваат уште побрзо. Се разбира чест на исклучоците кои се уште бираат која песна ќе ја интерпретираат и не “штанцаат” песна за песна само со цел да се присутни на сцената по било која цена.

Сите дружби кои се оствариле во текот на неколкудневните фестивали, снимања на музички емисии, новогодишни програми ми се во позитивни сеќавања. Позитивно е и да ја слушнеш својата песна испеана од некој друг, затоа што секогаш е тешко копијата да го надмине оригиналот.

И тоа да со години фановите да те застануваат на секој чекор и ти кажуваат колку твоите песни им оставиле силен впечаток или им разбудиле некаква емоција.

Негативни страни не само во музичкиот, туку воопшто во јавниот живот на секој кој се занимава со ваква или слична професија е тоа што постојано сте под будното око на народот.

Очекувањата се високи и ние секогаш мора да останеме на висина на задачата. Па, така мора да се смееш и пееш и со температура и зарипнатост или забоболка или укоченост.

И да бидеш пристапен до фановите дури и ако понекогаш не ти е баш денот.

Затоа што ние сме тука за нив, а сепак секој од нас е само обичен човек. Исто така и покрај тоа што како семејство никогаш не сме се стремеле да бидеме дел од жолтиот печат, сепак заради мојата и професијата на мојот сопруг Ѓорги, не ретко сме ја губеле и нашата ценета приватност.

Непријатно е да читаш невистини за себеси или извртени, извадени од контекст зборови. Но, ние сме ја одбрале оваа професија свесно, знаејќи ги сите позитивни и негативни страни на истата и сега не смееме да се жалиме“, рекла за Точка Росана.

Познатата пејачка Росана Сариќ-Тодоровска и нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Тодоровски-Трупче пред една година станаа баба и дедо на уште еден внук.

Нивната ќерка Ивана го роди Матео, а среќната баба радосната вест ја објави на Фејсбук.

Росана за „Женски магазин“ изјави дека внукот ќе им биде песнопоец, како баба му. Ќерката и зетот на Росана и на Трупче, Ивана и Џејмс Холт кој е е Англичанец го имаат три ипол годишниот син Ноах, за кој бабата и дедото посветено се грижат.

– Сите сме уште позитивно вознемирени. Иванче ни подари уште еден внук кој ќе се вика Матео. Ивана е породена природно и многу е позитивна и дисциплинирана. Матео се роди 3400 грама, долг 51 сантиметар, и е со косичка, изјавила Росана за внукот.

Синот на ќерката на Росана, Ивана и нејзиниот сопруг Џејмс, помалиот син Матео наполни една година. Тој е роден на 25 ноември во 2021 година, а Џејмс, неговиот татко на инттересен начин на своето синче му честитал роденден:

-Победа! Денес има 1 година и само еднаш го испуштив! Ивана Тодоровска-Холт успеавме повторно! ДА ПУКНЕ! 15 години додека не можам легално да го избркам! Среќен роденден“, напишал Џејмс Холт до сликата од синот.

Тој, колку што може да се види на неговиот Фејсбук профил е романтиечен и вниматален кој својата сопруга, но и со доза на интересем хумр и со голема љубов пишува за неа, како на пример, објавата која ја посветил на нивната годишнина:

-5 години (или 6 во зависност од тоа која свадба ја славиме). 60 месеци, 1825 Денови, 43800 часа, 2 деца, 1 Куче. 10…9….8…7…6..5 риби. Посетени се 12 земји. 100 аргументи…. Неколку тажни моменти, многу убави моменти.

Едвај чекам да те нервирам уво ште многуте години што доаѓаат. Среќна годишнина моја мала танчерке. Те сакам“, напишал Џејмс меѓудругото до својата сопруга во јули минатата година.

Претходна статијаЦеца кажа какви мажи ја привлекуваат: Мажи со стомаци и висок холестерол – немате шанса
Следна статијаНов закон „тропа на врата“ – Еве за колку ќе ви биде НАМАЛЕНА ПЛАТАТА!?