Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ важат за еден од најкомпатибилните парови на домашната јавна сцена, а актерот и пејачката се во брак од 2011 година. Од нивната љубов се роди девојчето Нина.
– Нина е едно исклучително сензибилно дете. Истовремено знае да биде и борбена и онака, да се смири како некое пиленце. Имаме прекрасен однос.
Еве, пред некое време ми рече дека јас сум нејзиниот најдобар другар. Тоа толку ми импонираше, толку многу.
И ќе се трудам тоа да го одржувам. Сите мои претстави, концерти, јас ѝ ги посветив на Нина. Таа е сè уште мала за да го разбере тоа, но јас решив моите настапи да ѝ ги оставам како спомен.
Кога би ѝ оставил нешто на хартија, тоа би било писмо, но ова е како едно парче, една приказна која би сакал еден ден мојата ќерка да ја протолкува и да сфати што сакал татко ѝ да каже со неа“, изјави актерот за Женски магазин.
Кога зборувам за Јелена сите мислат дека кога ќе речам поддршка зборувам само за нашата работа, затоа што и двајцата сме јавни личности. Но, знаете што, нашиот живот е стабилен пред сѐ затоа што сме тука еден за друг.
Љубовта е голем потенцијал за еден заеднички живот, но и љубовта мора да се негува. Тоа е како однос кон едно дрво, кое го залеваат двајца. Па потоа тројца, па четворица, па ако даде Господ и петмина, хахаха“, раскажа актерот.
Јелена и Иван важат за еден од најскладните парови кои јавноста ги обожава. Двајцата се забавуваа една година, а потоа имаа кратка пауза во која Иван започна врска со убавата балерина Лидија Новаковиќ.
Кога раскинаа Јелена многу патеше а како што еднаш зборуваше за медиумите, во тоа време Сергеј Четковиќ и ја понуди песната „Да ми е да да ми се врати“, која тогаш скршена од болка не можеше да ја отпее.
Иван, пак, се обидел на друг начин да ја преболи Јелена. Како што тогаш се шпекулираше, токму во времето на големата емотивна криза со Јелена, Иван Босиљчиќ започна романса со Лидија Новаковиќ, млада балерина, која ја запозна во театарот Теразие, додека заедно работеа на претставата „Цигани.
View this post on Instagram
Мјузиклот „Циганите летаат кон небото“ ги спои Лидија и Иван. Иван го толкуваше главниот лик во претставата, а убавата балерина беше дел од балетската претстава. Лидија е родум од Панчево, каде завршила основно балетско училиште, а подоцна стручното усовршување го продолжила во главниот град на Србија.
Љубовта на Иван и Лидија се сметала за тајна и траела неколку месеци. Брзо раскинаа и Иван ја обнови врската со Јелена. Тие се венчаа во 2011 година, а како круна на нивната љубов се роди ќерката Нина.
– Тоа се случи пред повеќе од 10 години. Јас и Иван се забавувавме и под притисок на медиумите раскинавме. Секој имаше своја приказна, свое мислење за тоа: дали треба или не – изјави во една прилика Томашевиќ.