Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Иако на легендарнаиот пејач баш и не и му се допаѓа начинот на кој се експонира убавата Џина, признатата креаторка нема ништо против нејзините активности во виртуелниот свет.
Сепак, следбениците често знаат да бидат сурови, да поставуваат провокативни прашања, па дури и да даваат несоодветни коментари…
По многубројните прозивки поради естетските корекции што ги направи, Џина повторно се најде на удар на негативни коментари. Овој пат проблемот настанал поради стајлингот за кој некои следбеници сметале дека воопшто не и одговара.
Нејзината мајка Мелина е од Загреб, а во една прилика откри дека не била среќна што нејзините деца ќе имаат профили на социјалните мрежи, но морала да попушти.
„Тоа е секојдневно молење да им се дозволи, бидејќи тие се единствените во општеството кои го немаат, но јас им го кажав своето размислување. На Инстаграм сите имаат стомачни, сите се на Малдиви, сите имаат Ролекс и Хермес чанта и никој нема факултет.
На Инстаграм немам видено слика дека некој е во библиотека или дека некој учи. Имам став дека ова е големо зло на нивна возраст и не треба да им биде достапно. “, изјави таа за медиумите.
Ќерката на Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина на социјалната мрежа Инстаграм објавува фотографии од луксузната вила на Дедиње во која живеат, кои навистина почнале да и пречaт на нејзината мајка.
Како што дознава папарацо рс, Мелина го нападнала Харис дека конечно треба да направи нешто или барем да разговара со Џина. Таа му нагласила дека секојдневно ја критикува нивната ќерка за нејзините објави на Инстаграм, но смета дека тој како татко ќе има поголемо влијание врз неа.
Џина извесен период се повлекла и помалку објавува слики во јавноста, но сепак повторно се активирала и му задала сериозни главоболки на семејството бидејќи нејзината мајка многу се плаши да привлече крадци со објавување на внатрешноста на куќата.
– Харис и Мелина со години се обидуваат да ја задржат приватноста за себе, но откако Џина стана активна на Инстаграм, Мелина почна да има сериозна главоболка.
Таа и објаснила дека не треба да објавува се и сешто, и дека мора да ја зачува својата и нивната приватност. Неодамна полуде кога виде како Џина ја покажува внатрешноста на вилата, снимаше како нивниот дом е уреден, а Мелина навистина полуде.
Прво и се развика, а потоа го нападна и Харис. Му рекла да ѝ забрани на ќерката да објавува слики од вилата, како и скапите работи што ги има.
Жената се плаши од крадци, разбојници, денес ги има многу… Посебно на тие социјални мрежи. Харис и ветил дека ќе разговара со ќерката и ќе и објасни дека ги доведува во опасност со своите објави – ни раскажува извор близок на Мелина.