Српската актерка Анѓелка Прпиќ (37) речиси сите ја препознаваме заради улогата во серијата „Андрија и Анѓелка“, а таа важи за една од најталентираните млади српски актерки.
Благодарение на оваа серија актерката стекна огромна популарност, а самата велеше дека снимањето било мошне занимливо, но и напорно бидејќи речиси сите сцени со нејзиниот колега и добар пријател Андрија Милошевиќ морале да ги повторуваат и по неколкупати затоа што не можеле да се воздржат од смеење.
Сепак, додека успешно ја градела својата кариера, актерката се соочила со голем број проблеми на приватен план, затоа што нејзиниот сопруг тешко ги прифаќал интимните моменти и сцени снимени во филмовите и сериите каде што таа игра.
Со денови на големо се зборува за приватниот живот на актерката Анѓелка Прпиќ. Веста за бременоста и врската со близок пријателк на поранешниот сопруг Дарио изненади многумина.
Анѓелка Прпиќ веќе некое време е главна тема во јавноста поради својот приватен живот бидејќи во медиумите излезе веста за нејзината бременост и тоа со најдобриот пријател на поранешниот маж.
Да потсетиме, како бом ба во медиумите одекна информацијата дека актерката чека бебе со извесен М.Ж. за која прво беше објавено дека им бил кум на неа и нејзиниот поранешен сопруг на нивната свадба. Меѓутоа, подоцна се покажало дека тој не им бил кум, туку дека биле најдобри пријатели.
Анѓелка Прпиќ често во јавноста отворено зборуваше за својот поранешен сопруг, задржувајќи ја интимноста за себе. Анѓелка во своите улоги често е смешна и духовита, но нејзиниот поранешен сопруг верува дека таа воопшто не е таква во реалниот живот.
– Тој навистина мисли дека јас сум сосема поинаква од улогите – изјави таа во една прилика.
– Дека сум досадна, неинтересна, се различно од она што го глумам. Тој е во стилот: „Ти си една превара, луѓето не можат да сфатат колку ми е досаден животот со тебе“ – изјавила тогаш актерката, пренесува „Србија Данас“.
Анѓелка Прпиќ пред неколку месеци последен пат јавно проговори за својот поранешен сопруг.
– Засекогаш ќе бидам во најдобри односи со мажот со кој имам син – изјавила во таа прилика.
– Ние сме пријатели и родители и ќе бидеме додека живееме – додаде тогаш Анѓелка за хрватскиот „Стори“.
Анѓелка и Дарио беа во брак девет години и го имаат синот Јакша, а овие зборови секако Дарио ги изговори кога беше во брак со водителката.
Сега, по сите шпекулации, тој проговори само еднаш, посакувајќи им среќа на неа и на Марк…