Легендарната пејачка Лепа Брена откако пред извесно време го продаде својот удел во „Гранд“ и собра околу 20 милиони евра, најави дека ќе започне нов бизнис, а сега и го реализираше.
Лепа Брена објави соопштение во кое ѝ се обрати на јавноста и откри како ќе се вика нејзиниот бренд:
– Драги пријатели, по неколку години темелна подготовка, многу труд, истражување и напорна работа, со големо задоволство и гордост сакаме официјално да го објавиме лансирањето на брендот „Лејди Б“ – вели Лепа Брена во соопштение за медиумите, а подолу пејачката открива со што ќе се занимава сега:
– „Lady B“ е бренд кој ќе се занимава со технолошки револуционерни производи од сферата на убавината и здравјето. Нашиот прв асортиман е нашата линија на женски чорапи „Celebrity“, која ќе биде единствена на пазарот, бидејќи содржи хијалуронска киселина и нано златни честички во нивната ткаенина, кои, во комбинација со нашата технологија за компресија, ќе имаат изненадувачки позитивен ефект врз изгледот и чувство на вашите нозе и кои ќе бидта најмекиот производ на пазарот во својата категорија.
Исто така, на самиот старт можете да очекувате линија на „плус сајз“ чорапи, кои за жал не се застапени на нашите простори, а со нетрпение очекуваме да можеме да обезбедиме производи од таа категорија кои досега не беа достапни – тоа е напишано во соопштението на Брена
Пејачката Лепа Брена неодамна ја тестираше издржливоста на своите хулахопки „Lady B“ и со вирално видео предизвика голем интерес на социјалните мрежи.
Имено, Брена сакала да покаже дека нејзините чорапи се непробојни, односно дека не се лесни за кинење – а за потребите на својот експеримент земала ананас и го пикала во хулахопките.
Потоа го пуштила ананасот да виси во чорапот, а потоа почнала да ги врти чорапите во круг.
Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, а луѓето не престануваат да се шегуваат на сметка на Брена, но се воодушевени и од издржливоста на нејзиниот производ.
Слично на Брена и нашата пејачка Ирена Спасовска заопочна да рекламира модел на хулахопки за кои што меѓу другото напиша:
Драги пријателки.Сакам со вас да споделам еден проблем и едно решение за истиот.Поради природата на мојата работа почнав да чувствувам отежнатост во нозете.
Секако Веднаш се консултирав со доктор специјалист кој ми кажа дека е тој проблем се јавува кај над 30% од луѓето. Причина за тоа е внатрешната промена на вените,а таа се појавува како последица на долгото стоење и носење високи потпетици.
Едно од најефикасните решенија е носењето на чорапи или хулахопки со градуирана компресија.