Никогаш не се срамел од тоа што го работи. Иако себеси се гледал како уметник, никогаш не му било срам или проблем да фати алат в раце.
-Доаѓам од скромно семејство, моите родители цел живот работат за да ни обезбедат пристоен живот, па ако можеле они зошто да не можам и јас?
Сум поминал секакви професии и работни места; бев продавач, агент во центар за повици, дури во сервисниот центар на Ерсте Банката во Австрија работев како оператор, но сè тоа беа убави искуства.
Пред да се појавам на Икс Фактор работев како инсталатер на градилиште што за мене беше преубаво искуство. Почнав од нула, бев самоук, Научив многу за таа професија, но и за себеси.
Почнав како помошник, но при крајот на моето работно искуство веќе бев десна рака на сопственикот на фирмата и имав преку 150 луѓе за кои бев лично одговорен.
Активно присуствував во планирање на проекти и нивната изградба, што разбуди еден инстинкт во мене, а тоа беше снаодливоста и желбата за секојдневно учење. Сфатив дека сум способен за многу повеќе од што мислев!
На крај, сепак ѝ се вратив на музиката, но тоа што го научив на градилиштата ми ги зацврсти карактерот, дисциплината и посветеноста, и понатаму ми помогна да се снаоѓам многу полесно и во светот на музиката.
Со оваа порака сакам на сите да им кажам дека за да го дознаеш својот личен вистински пат мораш да ги совладаш секојдневните предизвици и да дознаеш кој си“, кажа Даниел.
Тој како што е познато е по потекло од Мислешево кај Струга, долги години живееше во Австрија, потоа во Скопје додека беше во брак со манекенката Кристина Димитрјевска со која има син, а сега живее во Србија каде што настапува редовно.
Даниел измиnнатово лето објави неколку слики дека е на море, а на сликите можеше да се забележи дека е очигледно многу среќен и расположен.
Потоа, следуваше фотографија на која Даниел седи, а до него се гледаат женски нозе што може да значи дека пејачот повторно се заљубил и е во врска.
Потоа, ја покажа својата сакана, и објави слики со неа од Свети Наум со овие зборови:
– Преку 30 години го посетувам ова место и се уште е иста молитва и иста желба како за мене и мојте најблиски, така и за сите луѓе на овој свет.
Тој потоа објави слика со својата убавица на Инста, и благодарение на неа, тој е повторно активен на социјалните мрежи, откако во еден период се повлече. До новата слика, Кајмакоски напиша:
Ти си се што сум побарал.. Ти благодарам што ме туркаш кон моите соништа секој ден..“. На оваа слика, искоментирала Ружа, мајката на Даниел, која на Инстаграм е потпишана како la_vie_en_rose_kajmakoska
-Љубени мои“, напишала Ружа Кајмакоска, што многу кажува за нејзиниот однос со идната снаа.
Кајмакоски се огласи на Фејсбук со својата сакан чије име уште не го открива, и напиша на Инста на српски јазик: Нашето бебе брзо расте. Имаме речиси 5 месеци“, напиша Даниел.
До сликата со девојка му, таа во рацете го држи нивниот миленик, тоест нивното куче Нера, кое му е подарок од девојка му како што претходно Кајмакоски веќе напиша на својот Инста профил.