Утре се отвара „Ист Гејт Мол“ најголемиот трговски центар во Македонија и во регинот од утре официјално стартува со работа.
На неколку ката и на површина од 160 илјади метри квадратни над 200 продавници ќе ги отворат вратите за купувачите.
Од раководството на „Ист Гејт Мол“ најавуваат дека понудата е креиранат по вољата на потрошувачите и затоа многу нови европски и светски елитни брендови кои отсега ќе бидат достапни за граѓаните како и сосема ново и различно искуство и дожувавање на шопингот, објави Телма.
Посетителите ќе може да уживаат во широката понуда на продавници, кафетерии, ресторани, но и во големиот број на услуги како центар за убавина и козметика, фризер, бербер, центар за разубавување на миленичиња, како и забавни активности: кино, игротека, фитнес центар и друго.
Со цел да се постигне уникатна содржина, како еклузивен лизинг агент беше ангажиран тимот на специјализираната консултанска компанија за недвизности “Cushman&Wakefield/FortonMKA“ кој заедно со тимот на Ист Гејт Мол интензивно работеше на миксот од 250 интернационални и локални брендови во последните три години“, објави Фактор.
Целиот комплекс „Скопје ист гејт“, според проценките, треба да чини 350 милиони евра, а самиот мол е инвестиција од 103 милиони евра.
Групацијата „Балфин“, сопственост на албанскиот бизнисмен Самир Мане, е позната по тоа што го изгради „Сити мол“, за да потоа во 2016 година го продаде на британската компанија „Хстед“ за 92 милиони евра.
Во 2017 година се обзнани дека на местото на Скопски саем ќе гради голем станбен, деловен и трговски комплекс. Во сопственост на компанијата на Мане е и синџирот „Нептун“, кој е добро познат на македонската јавност.
Кој е Самир Мане, сопственикот на „Балфин груп“? Балканската финансиска инвестициска групација (БАЛФИН) е основана во 1993 година во Виена од Албанецот Самир Мане. Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеровина, Црна Гора и во Македонија. Според неревидираниот финансиски извештај за 2020 година, нејзините вкупни приходи лани биле 639 милиони долари“, пишува Независен.мк.
Во првата година се очекуват дури 12.000 посетители да влезат во продавниците на „Ист гејт“. Овие податоци пак, иако отворено не зборуваат, ги загрижуваат останатите молови во државата. Ова пак го отвора прашањето – дали прометот од едните ќе се префрли кај „поголемиот брат“. Според сознанија на Независен, еден трговски центар ја намалил киријата за да не му заминат брендовите.
Вчера беше ВИП забавата по повод на отварањето на молот, и беа релчиси сите политичари и познати личности. Каролина Гочева, стилистот Дадар беа дел од нив, тие објавија на сториња на Инстаграм.
Зоки Фаци пак објваи слика со Лила Филипвоска и напиша: Шопиг за ВИП, што знаи дека и тие биле на отварањето.
Но, една гостинка, всушност домаќиника беше главна на оваа ВИП забава, а тоа е водителката Елена Стојановска од Сител која ја имала честа да го води овој настан. Таа на Инстаграм напиша: Ми беше чест што бев водител на вашето официјално отварање. Ви посакувам многу среќа.